Во клучниот дуел за освојување на првото место во Групата 4 од елитната дивизија на Лигата на нациите на УЕФА, Шпанија во Севилја ја декласираше Германија со 6:0 најтешкиот пораз во последните 89 години.
Последен пат Германија била поразена со шест голови разлија во далечната 1931 година од Австрија, што воедно е и најтешкиот официјален пораз на четирикратните светски праваци. Германците фудбалски попонижени биле само во 1909 година, кога загубиле од селекцијата на англиските аматери со 0:9.
Германија во Севилја допатува со бод предност, но Шпанија веќе по првото полувреме поведе со 3:0 и уште тогаш јасно беше дека се решени и мечот и конечниот пласман.
Најдобар играч на мечот беше тројниот стрелец Феран Торес со головите во 33, 55 и 72 минута, а серијата ја отвори Алваро Мората во 17 минута, Родри ја продолжи во 38 а ја заокружи Микел Ојарзабал во 89 минута. Германците само еднаш се заканија поопасно, со удар во стативата.
Вториот дуел од оваа група, меѓу Швајцарија и Украина, кој требаше да одлучи кој ќе остане во оваа дивизија а кој ќе се пресели во понизок ранг на натпреварувањето, беше одложен бидејќи локалните здравствени власти целата украинска делегација ја сместија во изолација поради големиот бројо заразени со коронаворусот.
Треба да се исакне деиа и УЕФА и украинскиот и швајцарскиот фудбалски сојуз беа подготвени мечот да се одира, но збраната на локалните здравствени власти го оневозможи тоа. Одлуката за содбината на овој меч ќе ја донесе УЕФА.
На крајот, Шпанија го освои првото место во групата и пласманот на финалниот турнир на четирите најдобри селекции со 11 бодови, два повеќе од Германија, а во моментов Украина има 6 а Швајцарија 3 бода.
Во Групата Ц, Франција на домашен терен ја совлада Шведка со 4:2. Гостите поведоа веќе во 4 минута со голот на Виктор Клаесон, но Оливие Жиру во 16 минута изрмани, а до крајот на првото полувреме „Триколорите“ направија резултатски пресврти со погодокот на Бенжамин Павар во 36 минута. Со својот втор гол вечерва во 59 минута Жиру ја однесе Франција на предност од два гола, која ја намли Робин Кваисон во 88 минута, а дилемите во полза на домашните ги разреши Кингсли Коман во четвртата минута од судиското продолжение.
За разлика од актуелните светски прваци, вицешампините односно селекцијата на Хрватска овој циклус го заврши резултатски но и катастрофално во поглед на игрите. „Коцкестите“ оставруја во шест натпревари само една победа и само благодарејќи на подобрата гол-разлика последното место ѝ го отстапија на Шведска.
Десеткуваните Хрвати во Сплит добро го почнаа дуелот кој немаше резултатско значење освен што се работеше за спортски престиж и поведоа во 29 минута со погодокот на Матео Ковачиќ, и со оваа предност заминаа на одмор. Домашните храбрата игра ја продолжија и на почетокот од вториот дел, но во 53 минута Марко Рог го фаулираше Кристијано Роналдо за што му беше покажан вториот жолт картон и исклучување. Слободниот удар од 30-ина метри го изведе Роналдо, хрватскиот голман одбрани но во мешаницата најдобро се снајде Рубе Диас кој израмни. Веќе во 60 минута Жоао Фелиск ги донесе Португалците во водство, но Ковачиќ со својот втор гол на мечот во 65 минута донесе ново израмнување. А во 90 минута Хрватите примија уште еден несреќен погодок, откако по изведениот корнер голманот Ливаковиќ тргна на топката која му испадна од рацете го удри Ловрен во грбот и на неа натрча Диас за конечните 3:2
Во оваа група Франција со 16 бодови обезбеди пласман на завршниот турнир, а Португалија остана втора со 13 бодови.
Во Групата 1 од Лигата Ц, Црна Гора избори пласман во поквалитетната дивизија Лигата Б, откако на домашен терен со 4:0 го совлада Кипар. Стрелци беа Стеван Јоветиќ во 14, Алесандар Бољевиќ во 25 и 28, и Стефан Мугоша во 60 минута.
Вториот меч во оваа група, меѓу Луксембург и Азербејџан заврши без голови
Црна Гора го освои првото место со 13 бодови, Луксембург е втор со 10, Азербајџан заврши со 6 а Кипар со 4 бодови.
Во Лигата Д, во Групата 1, Малта и Фарските Острови одиграа 1:1, со погодоците на Метју Гуљомие во 54 минута за домашните и на Ари Јонсон во 69 минута за гостите.
Латвија очекувано славеше на гости кај Андора со 5:0, со головите на Андоникс Черномордијс во 7, Јанис Икауниекс во 57 и 60, а Владислав Гутковскис во 70 и Рајмондс Кролис во 90 минута реализираа удари од белата точка/.
Во оваа група Фарски Острови се први со 12 бодови, Малта е втора со 9, Латвија освои 7 а Андора 2 бода.
И во Групата 2 од Лигата Д, Гибралтар и Лихтенштај одигаа 1:1, па Гибралтар е прв со 8 бодови пред Лихтенштајн со 5 а Сан Марино освои два бода.
РЕЗИЛТАТИ и Табели
ЛИГА А
Група 3
Хрватска – Португалија 2:3
Франција – Шведска 4:2
Табела:
1. Франција 6 5 1 0 12:5 16
2. Португалија 6 4 1 1 12:4 13
3. Хрватска 6 1 0 5 9:16 3
4. Шведска 6 1 0 5 5:13 3
Група 4
Шпанија – Германија 6:0
Швајцарија – Украина одложено
Табела
1. Шпанија 6 3 2 1 13:3 11
2. Германија 6 2 3 1 10:13 9
3. Украина 5 2 0 3 5:10 6
4. Швајцарија 5 0 3 2 6:8 3
ЛИГА В
Група 1
Црна Гора – Кипар 4:0
Луксембург – Азербејџан 0:0
Табела
1. Црна Гора 6 4 1 1 10:2 13
2. Луксембург 6 3 1 2 7:5 10
3. Азербејџан 6 1 3 2 2:4 6
4. Кипар 6 1 1 4 2:10 4
ЛИГА Д
Група 1
Малта – Фарски Острови 1:1
Андора – Летонија 0:5
Табела
1. Фарски Острови 6 3 3 0 9:5 12
2. Малта 6 2 3 1 8:6 9
3. Летонија 6 1 4 1 8:4 7
4. Андора 6 0 2 4 1:10 2
Група 2
Гибралтар – Лихтенштајн 1:1
Табела
1. Гибралтар 4 2 2 0 3-1 8
2. Лихтенштајн 4 1 2 1 3-2 5
3. Сан Марино 4 0 2 2 0-3 2