Шпанскиот претставник Реал Мадрид направи голем чекор кон пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите откако првиот четвртфинален дуел во Лондон го победи Челзи со 3:1, а победа оствари и другиот шпански претставник Вилјареал минимално со 1:0 дома го совлада минхенски Баерн.
Главен играч за „Кралевите“ на мечот во Лондон беше тројниот стрелец Карим Бензема, со погодоците во 21, 24 и 46 минута, а почесниот погодок за домашните го постигна Каи Хаверц во 40 минута. Реваншот се игра на 12-ти април на мадридски „Сантијаго Бернабеу“.
На лондонски „Стенфорд Бриџ“ во средата вечерта се судрија актуелниот европски шампиони и најтрофејниот клуб во Европа. Реал, кој Лигата на шампионите ја освојуваше рекордни 13 пати, ќе се обиде во четвртфиналето да му се одмазди на Челзи кој минатата сезона во полуфиналето го леиминираше со вкупне резултатг 2:1.
Ова беше и враќање на „Стенфорд Бриџ“ на Карло Анчелоти кој го водеше Челзи од 2009 до 2011 година освојувајќи го првенството на Англија и ФА Купот. Анчелоти водено за овој меч се врати на клупата на Реал откако беше позитивен на коронавиорустоа на 30-ти март, а со тимот во Лондон не допатува во понеделникот, туку со специјален лет во средата.
Реал силно го почна дуелот и веќе во 10 минтуа имаше одлична шанса, кога Винициус Жуниор прими одлично додавање во шеснеасетникот но ја погоди пречката. Возврти Рис Џејмс во 15 минута, но неговиот обид го спречи Тибо Куртоа со одлична интервенција.
Мадриѓаните поведоа во 21 минута, кога Винициус и Бензема одиграа двојно додавање, Бразилецот уфрли а Французинот со глава погоди за 1:0. Само три минути подоцна Бензема повторно со глава го удвои водството на Реал, а овојпат му асистираше Лука Модриќ. Челзи се врати во игра во 40 минута, кога Жоргиљо испрати одличен центаршут во шеснаесетникот на госите, а Хаверц одблиску со глава го совлада Куртоа, Во последните моменти од првиот дел Бензема можеше веќе да оствари „хет-трик“, но шутираше крај голот.
Само што започна второто полувреме Бензема го постигна третиот гол искорстувајќи ја кардиналната грешка на гостинскиот голман Едуар Менди. Тој необјасниво ми ја додаде топката точно во нозете на Бензема додека беше далеку надвор од голот, а Французинот само ја уфрли во празната мража. Ова беше неговиот четврти „хет-трик“ во Лигата на шампионите.
Челзи можеше да намали во 69 минути, но Ромелу Лукаки не беше прецизен, а само една минута подоцна се закани и Мејсон Маунт, но топката отиде над пречката. Во последните моменти од мечот домашните играчи Ковачиќ, Лукаку и Зијеч заврши со опасен шут на Мароканецот, но покрај голот.
Вилјареал приреди своевидно изненадување со победата од 1:0 над Баерн Минхен, а стрелец беше Арно Данжувам во 8 минута. Ова е првиот гостински пораз на германскиот великан во Лигата на шампионите во последните 23 натпревари, по поразот од ПСЖ од 0:3 во септември 2017 година.
Вилјареал, пак, последен пат играше во четвртфиналето во 2009-та кога беше елиминиран од Арсенал, а во својата историја има само уште еднаш играно во оваа фаза, и тоа во 2006 година кога „Жолтата подморница“ го мина милански Интер. Од друга страна, за Баерн ова е десеттото четврфинале во последните 11 сезони, или вкупно 32 во Купот/Лигата на шампионите и рекодно 20-то во Лигата на шампионите.
Баварците важеа за големи фаворити, но шпанскиот тим кој во осминафиналето го елиминираше Јуветус, уште еднаш потврди дека не е случајно меѓу осумте најдобри екипи на континентот. Претходно последен пат овие две екипи граа меѓусебно во 2011-та во фазата по групи, а Баерн победи во двата натпревара со 3:1 и 2:0.
Дуелот во средата започна шокирачки за гостите. Вилјареал по само осум минути игра поведе кога Ло Селсо го исфрли напред Дани Парехо кој шутираше но топката пред Мануел Ноер ја сврти Данжума постигнувајќи го својот шести гол сезонава во Лигата на шампините. Во 41 минута „Жолтата подморница“ го постигна и вториот погодок, но Кокелин беше во офсајд.
Баерн во првото полувреме беше блед, речиси невидлив. Германскиот шампиони не успеваше да ја стабилизира играта и се чини дека ова беше неговото најслабо полувреме оваа сезона.
Баварците во вториот дел влегоа многу порешително, во 50 минута Серж Гнабри шутираше од 18 метри, но покрај голот. Возвратија домашните во 53 минута кога Жерард Морено од 25 метри ја погоди стативата. Четири минути подоцна Вилјареал имаше нова шанса, но Давиес во последен момент го блокираше шутот на Морено.
Баерн можеше да израмни во 68 минита, Коман шутирапе а топката со глава ја изби Паи Торес. Во 82 минута од повеќе од 20 метри се испроба Сане, но право во рацете на домашниот голман. Во самата завршница Вилјареал испушти и поубедлива победа, кога Ло Селсо повлече брз противнапад и додаде до Педразо кој лошо шутираше.