Кумановецот Елам Селахи кој беше пронајден убиен со неговиот осумгодишен син во негоавата „опел астра“ во атарот на селото Слупчане бил познат лихвар, дознава во понеделникот Телма.
Убијците го чекале сокриени зад дрвја во темница, пред ладнокрвно да отворат оган над автомобилот со затемнети прозорци на 47-годишникот еден час синоќа пред полноќ. Вознемирените селани на Опае и Слупчане кога ги чуле истрелите ја повикале
полицијата. Убијците, за кои се претпоставува дека биле двајца, користеле автоматско оружје.
Салахи е од селото Белановце, но живеел во Опае. Познат бил по тоа што давал лихва со високи камати. Полициски из за Телма потврдиле дека двапати бил пријавуван за обид за убиство, бил фатен со нелегално оружје и нападнал полицајци. Еднаш бил
осуден на четиригодишна затворска казна која ја издржал.