Лила Филиповска двапати донирала пари за 1ТВ

Водителката Лила Филиповска во својот исказ како сведок на рочиштето за Рекет рече дека сега е скарана со Бојан Јовановски, но дека во два наврати, првиот пат 25.000 евра и вториот 8 илади евра- донации за телевизијата.

„15 години го знам, се скаравме 4 години, па се смиривме. Ми побара донација од 20.000 евра за „1ТВ“, му дадов да помогнам. Во август 2018 и позајмица од 500.000 денари му дадов на сметката на „БМЈ Медиа груп“, сопственикот на телевизијата. И никој мене не ми префрлил пари, па за јас да префрлам на телевизијата, тоа го кажав и во Обвинителството за организиран криминал. Јас сум му давала пари, а мене никој не ми уплатил“, одговараше на прашања Лила Стојановска.

Одговори и дека имале заеднички викенди, а класичен одмор планирале дента кога го уапсија. Планирале да одат на Миконос.

 „Одморот го планираше Бојан. Кажа дека сè е организирано. Веројатно било платено однапред, не стигнав да дознаам. Јас си имам свои пари, си зедов со себе, не е должен мене никој да ме части. Веројатно ќе требаше потоа да се доплати, затоа си имав свои пари“, рече Лила Стојановска.

Бојан Јовановски немаше прашања за пријателката.

На денешното рочиште сведочеше и газдарицата на салонот од кај што купувале мебел за 1 ТВ, а таа на сликите го препознала дека всушност тоа е истиот мебел кој полицијата го заплени од станот на Јанева и кој се споменува во обвинението како дел од рекетот. Адвокатката Фрчкоска смета дека е доволен доказ што се слушнало дека мебелот е платен.