![lile vilma ruskovska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/lile-vilma-ruskovska.jpg?resize=696%2C448&ssl=1)
По суспензијата на Вилма Русковска, нејзиното место според годишниот план за распоред на обвинители ќе го преземе обвинителката Лиле Стефанова. Стефанова ги водеше случаите Империја и Плацеви на Водно кои беа отпочнати во СЈО.
Русковска за Телма вели дека дополнително ќе одлучи кому ќе ги предаде двете предистраги кои ги води за работењето на финансиката полиција и истрагата за техничките центри при МВР.
Русковска ја пишува и жалбата до советот на јавни обвинители против одлуката на државнито обвинител Љубомир Јовевски за нејзино оддалечување од предметите.