Лина Ѓорческа победник во Варна

Лина Ѓорческа како четврти носител во сингл успеа да ја освои титулата на фјучрс турнирот во Варна, Бугарија

Најдобрата македонска тенисерка вчера успеа да ја добие првата фаворитка Пернила Мендесова од Чешка со резултат 2:6, 6:4, 6:4. Додека претходно Лина во полуфиналето беше подобра од втората фаворитка Изабела Шиникова од Бугарија со 6:1, 6:2.

За Ѓорческа ова е втора титула во својата кариера откако „првенчето“ го имаше во 2012 на турнирот во Арад, Романија.