Линдзи Вон забележа победа во Супер Џи трката во Кортина Д’Ампецо, што е нејзина 63-та победа во кариерата.
Со оваа победа Вон постави нов рекорд, поминувајќи ја Австријката Анмари Мозер-Прол, која го држеше рекордот со 62 победи.
Вон го освои првото место пред Ана Фенингер од Австрија и Тина Вејратер од Лихтенштајн, а во генералниот пласман останува на четвртото место со 434 помалку бодови од водечката Тина Мазе.
Новата најуспешна скијачка на сите времиња стигна до 21-ва победа во Супер-Џи, има 5 победи во комбинација, 3 во велеслалом и 2 во слалом, а нејзина најдобра дисциплина останува спустот со вкупно 32 победи во кариерата.