
Литванија има намера да изгради ѕид долж границата со Белорусија како бариера против протокот на мигранти, изјави премиерката Ингрида Шимоните на денешната прес-конференција.
„Почнуваме да градиме дополнителна физичка бариера што ќе ги оддели Литванија и Белорусија, и ова ќе стане јасен знак и одреден фактор на задржување за оние што го организираат протокот на илегални мигранти“, рече Шимоните.
Британските медиуми наведуваат дека премиерката истакнала дека земјата ќе ги вклучи и армиските сили во граничните патроли.
Вилнус неодамна информираше за зголемување на бројот на илегални мигранти приведени на границата со Белорусија, откако од 1-ви јуни биле регистрирани повеќе од 1.000 илегални мигранти.
Претходно во вторникот белорускиот претседател Александар Лукешенко се закани дека ќе пушти голем број мигранти во Европската унија, а особено во Германија, како одговор на санкциите од Брисел против Белорусија за наводни спорни избори, насилно сузбивање на демонстрациите и затворање на опозициските активисти