
Фудбалерите на Ливепрул ја зголемија својата предност на врвот на табелата на англиската премиер Лига на 13 бодови пред второпласираниот Лестер Сити откако во меѓусебниот дуел во рамките на 19-то коло на гости беа убедливи со 4:0.
Ливерпул поведе со голот на Фирмињао во 31 минута од одличното нафрлување од Александер-Арнолд, а победата ја осигури со три погодока во интервал од само седум минути во последната четвртина од дуелот. На 2:0 зголеми Милнер од пенал во 71 минута кој го направи Сојунсу кој играше со рака, Фирмињо во 74 минута повторно беше прецизен и повторно на асистенција на Александер-Арнолд кој и самиот беше стрелец во 78 минута.
Водечкиот Ливерпул сега има 52 бода, 13 повеќе со меч помалку од вториот Лестер, а 14 повеќе од третиот Манчестер Сити кој во петок гостува кај Вулверхемптон.
Претходно Манчестер Јунајтед со 4:1 на својот „Олд Трафорд“ го победи Њукасл Јунајтед. Гостите од Њукасл поведоа преку Метју Лонгстаф во 17 минута, но до крајот на полувремето Антониот Мартиол во 24 минута израмни а Гринвуд и Рашфорд во 41 минута направија целосен пресврт. Конечните 4:1 ги постави со својот втор погодок вечерва Мартиал уште во 51 минута.
Со оваа победа Манчестер Јунајтед се искачи на седмото место на табелата со 28 бодови, три повеќе од 10-от Њукасл.
Фудбалерите на Саутемптон приредина големо изненадување во ова коло совалдувајќи го Челзи со 2:0, а стрлци беа Обафеми во 31 и Редмонд во 73 минута. Со оваа победа Саутемтон скокна на 14-то место на табелата со 21 бод, додека Челзи остана четврто со 32 бода.
Домашните дојдоа во водство во 35 минута со голоте на Гослинг, а израмни Обамејанг во 63 минута. Арсенал е 11-ти со 24 бводовим, Борнмут е 16-ти со 20 бодови.
Карло Анчелот, пак, на своето деби како менаџер на Евертон дојде од важна победа против Барнли со погодокот на Калверт-Левин во 80 минута, Евертона е 13-ти со 22 бодови, а Барнли е место погоре на табелата со 24 бодови.
Тотенхем со пресврт дојде до домашна победа од 2:1 против Брајтон. Гостите дојдоа во водство преку Вебстер во 37 минута, а во вториот дел Кејн во 53 и Деле Али во 72 минута ја обезбедија победата за домашните. Тотехнем е петти со 29 бодовим а Брајтон е 15-ти со 20 бодови.
Кристал Палас со 2:1 дома го совлада Вест Хем Јунајтед, исто така откако гостите први дојдоа во водство преку Снодграс во 57 мунура, Кухате во 68 израмни а во последните моменти од регуларниот дел победата на домашните им ја осигури Ајев. Кристал Палас е деветти со 26 бодови, а Вест Хем со 19 бодови е само бод над опасната зона на 17-то место.
Шефилд Јунајтед и Ватфорд ги поделија бодовоите играјќи 1:1. И на оваа средба поведоа гостите во 27 минута преку Делофеу, а во 36 минута од пенал израмни Норвуд. Шефилд е 29 бодови бодовно се израмни со Тотенхем но е зад него на шестото место. А Ватфорд остна претпоследен 19-ти со 13 бодови.
Астон Вила со голот во 64 минута на Хурихејн го победи фенерџијата Норич Сити кој остана на 12 бодови. Вила, пак, е направи чекор кон излегување од опасната зона, уште е на 18-та но сега со 18 бодови, бод помалку од позициите кои гарантираат опстанок.