Ливерпул ги елиминираше тинејџерите на Астон Вила во ФА Купот

Фудбалерите на актуелниот англиски првак Ливерпул се пласираа во петокот во шеснаесетфиналето од англискиот ФА Куп откао на гости ја совладаа Астон Вила со 4:1.

Ливерпул го мина успешно гостувањето во Бирмингем кај клубот од кој кој на негов терен во првенството оваа сезона на почетокот од октомври го доживеа еден од најтешките порази во историјата од 2:7. Но Астон Вила во овој дуел беше десеткувана, бидејќи дури девет играчи од првиот тим се заразени со коронавирусот, вклучително и тренерот Ден Смит, па за домашните настапија и анинимни голобради момчиња.

Ливерпул поведе веќе во 4 минута со голот на Садио Мане, но во 41 минута Вила израмни со погодокот на 17-годишниот Луис Бери. „Црвените“во вториот дел за само пет минути успеаја да го скршат отпорот на тинејџерите на домашните на возраст од 16 до 21 година, со головите на Џорџињо Вијналду во 60, вториот погодок на Мане во 63 и Мохамед Салах во 65 минута.

Во вториот дуел вечерва Вилверхемптон на свој терен со погодокот на Адам Траоре во 35 минута го елиминираа тимот на Кристал Палас.

Англискиот ФА Куп е најстарото фудбалско натпреварување на светот, кое се одржува од 1871 година. Најмногу пати го овој трофеј го освојувал лондонски Арсенал – 14, а Ливепрул и Астон Вила се седумкратни победници.