Ливерпул и Лајпциг реванш натпреварот од Лигата на шампиони ќе го играат во Будимпешта

Европската фудбалска федерација УЕФА објави дека реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите Ливерпул – Лајпциг ќе се одржи на „Арена Пушкаш“ во Будимпешта.

Натпреварот е закажан за 10-ти март.

На истиот стадион, екипите го одиграа првиот натпревар во кој Ливерпул победи со 2:0.

За потсетување, германските власти одбија да му дозволат влез на англискиот клуб во земјата поради ограничувања предизвикани од коронавирусот.