Фудбалерите на Ливерпул ја прекинаа во четвртокот вечерта низата од неуспеси во англиското првенство со победата од 3:1 на гостувањето кај Тотенхем, со што ги задржаа шансите за одбрана на титулата.
Интензивниот натпревар донесе четири погодоци, а уште два беа оправдано поништени по асисетнција на ВАР-от.
Ливерпул до водството дојде во последните секундо од првото полувреме, кога на асистенција на Садио Мане топката во противничката мрежа ја спроведе Роберто Фирмињо. Претходно, веќе во третата минута гол постигна Хиенг Сон, но беше поништен поради офсајд во почетокот на акцијата.
Гостите веќе во втората минута од второто полувреме, вкупно 47 минута, ја удвоија предноста, а стрелец беше Трент Александер-Анролд кој одбиената топка силно ја испрати во мрежата откако домашниот голман Уго Љорис го одбрани ударот на Мане.
Тотенхем веќе во 49 минута го намали водството на Ливерпул, а со силен и прецизен удар од 18 метри својот прв погодок во ресот на „Спарс“ го постигна данскиот интернационалец Пјер-Емил Хојберг.
Во 56 минута ВАР-от го поништи погодокот на Мохамед Салах, бидејќи на почетокот од акцијата Фирмињо играл со рака. Но во 65 минута Ливерпул сепак повторно го удвои водството и дојде до конечните 3:1, а стрелец беше Мане.
Ливерпул ја прекина низата од пет првенствени натпревари без победа и по 482 минути или четири меча, во кои неговите играчи не постигнаа погодок.
Со 37 бодови Ливепрул е на четврто место. Во водство е Манчестер Сити со 41 бод, втор е Манчестер Јунајтед со 40 бодови, а третопласираниот Лестер Сити има 39 бодови. Тотенхем е шести со 33 бодови.