Освен со шампионската титула, фудбалскиот клуб Ливерпул сака да го шокира фудбалскиот свет и со сензационалниот трансфер на репрезентативецот на Англија и стандарден првотимец во дресот на лутиот градски ривал Евертон, Рос Баркли.
Фудбалските медиуми на Островот пред неколку часа ја пласираа сензационалната информација дека челниците на Ливерпул ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на младиот играч за врска.
Челниците на актуелниот лидер во англиската Премиер лига се подготвени да одвојат околу 38 мил. фунти за услугите на репрезентативецот на Англија кој подолг временски период важи за најголема желба на раководните лица на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челзи.