Вицешампионот на Англија, тимот на Ливерпул е на добар пат да најде замена за контроверзниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез, кој пред неколку недели за 88 мил. евра беше продаден на каталонскиот гигант Барселона.
Изборот околу неговиот наследник паднал на францускиот интернационалец од редовите на актуелниот европски клупски шампион Реал (М), Карим Бензема.
Иако има статус на недопирлив на “Сантијаго Бернабеу”, брзоногиот напаѓач ќе добие зелено светло за преселба на “Енфилд” доколку официјалната понуда на “црвените” не биде помала од 40 мил. фунти.
Освен големото обештетување, челниците на Ливерпул ќе мораат на Бензема да му понудат најмалку 4-годишен договор и неделна плата од 200 илјади фунти.