Ливерпул одигра катастрофално прво полувреме во Шпанија и беше комплетно надигран од Вилјареал, но избраниците на Јирген Клоп се прикажаа во вистинско светло во вторите 45 минути и ја потопија „жолтата подморница“.
Амбициозниот тим на Унаи Емери ја анлуираше негативата од Ливерпул уште во првиот дел со головите на Дија и Коклан, но во продолжение до израз дојде класата на англискиот тим, но и квалитетот на фудбалерите предводени од Јирген Клоп.
Германецот направи измена уште на стартот на вториот дел и го внесе во игра Луис Диаз, а токму тој беше креатор на враќањето на Ливерпул и пресвртот кој следеше во продолжение.
Колумбиецот беше незадржлив за одбраната на Вилјареал, која капитулираше дури три пати во вториот дел, а можеше уште најмалку уште еднаш или двапати. Фабињо со помош на Рули намали на 1:2, Диаз израмни на 2:2 и стави до знаење дека Ливерпул ќе патува во финалето, додека победата ја потврди Садио Мане.
Со триумфот од 2:3 Ливерпул сосема заслужено го чекираше својот билет за финалето во Париз, а противникот ќе го дознае утревечер од втората полуфиналната пресметка меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Вилјареал може да биде горд на тоа што го прикажа вечерва во првиот дел, но и на цела своја сезона во Лигата на шампионите во која како најголемо изненадување ги елиминираше Јувентус и Баерн Минхен.