Ливерпул руши рекорди и јури кон титулата, реми на Лестер и Челзи

Фудбалерите на Ливерпул го продолжи својот спринт кон долго очекуваната титула во англиското превенство по 30 години, и во саботата во рамките на 25-то коло дома го победи Саутемптон со 4:0.

Ливерпул отпорот на гостите го скрши во продолжението а стрелци беа Алекс Окслејд-Чемберлен во 47 и Џордан Хендерсон во 60, а двоен стрелец беше Мохамед Салах во 71 и 90 минута.

Ливерпул сѐ уште нема пораз сезонава и на првата позиција има 73 бодови, дури 22 повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, кој во недела гостува кај Тотенхе, додека Саутемпотн е 11-ти со 31 бод.

Екипата на тренерот Јирген Клоп ја продолжи серијата без пораз која трае веќе 42 натпревара. Во однос на овој индикатор, Ливерпул се израмни со Нотингем Форест, чија серија без пораз во 1977/1978 година изнесуваше исто така 42 средби. Рекордер по брпојот на одиграни натпревари без да згуби во Англиското фудбалско првенство е Арсенал кој во периодот 2003-2004 година немаше пораз на 49 натпревари.

Во првиот натпревар во саботата Лестер пред својата публика одигра без победник 2:2 со Челзи. Гостите поведоа во 46 минута со голот на Антонио Рудигер во 46 минута, а потоа Харви Барнс во 54 и Бил Чилвел во 64 минута направија пресврт во полза на домаќините, но Рудигер во 71 минута со својот втор погодок на мечот го израмни резулатот.

Челси победи само на еден од последните пет натпревари во Премиер лигата. „Сините“ пред Лестер ремизираа и со Арсенал со истиот резултат (2:2), претходно загубија од Њукасл (0:1), го совладаа Барнли со 3:0 и одиграа нерешено 1:1 со Брајтон.

Лестер и натаму е трет на табелата со 49 бодови, повторно на осум бодови предност пред четвртопласираниот Челзи.

Вест Хем и Брајтон го одиграа најефикасниот дуел во саботата кој заврши без победник 3:3. За домашните стрелиц беа Иса Диоп во 30 и Раберт Снодграс во 45 и 57 минута, а првиот погодок за гостите беше автоголот на Ангело Огбона во 47 минута, а потоа погодија и Паскал Грос во 75 и Глен Мареј четири минути подоцна.

Вест Хем не успеа да се излезе од зоната на испаѓање, 18-ти е со 24 бодови, а Брајтон има два бода повеќе и е на 15-то место.

Гол помалку беше постигнат на одраматичниот меч меѓу Вотфорд и Евертон во кој победија со 3:2 гостите од Ливерпул. Домаќинот поведе уште во 10 минута со голот на Адам Масина а водството го удвои Роберто Перејра во 42 минута. Меѓутоа Евертон преку двата брзи погодока на Јери Мина во првата и четвртата минута од судиското продолжени на првото поливреме успеа да ја анулира домашната предност. Вотфорд беше поблиску до целиот плен во вториот дел, особено откако кај госите во 71 минута беше исклуечн Дабиан Делф, но трите бода заминаа во „синиот“ дела на Ливепрул со голот на Тио Волкот во 90 минута.

Вотфорд останува претпоследен 19-ти со 23 бодови, а Евертон се искачи на деветтото место со 33 бодови.

И Борнмут со играч помалку, но на домашен терен оствари победа во дуелот со Астон Вила со 2:1. Домашните остварија во првиот дел сигурна предност преку Филип Билонг во 37 и Натан Аке во 44 минута. Во вториот дел во 51 минута беше исклучен Џеферсон Лерма, а гостите бројната предност ја искористија само во 70 минута кога погоди Мбвана Самата.

Борнмут се извлекува од оппасната зеона и сега е 16-ти со 26 бодови, а Астон Вила падна место подолу на табелата со бод помалку.

Шефилд Јунајтед со автоголот на Винзенте Гуајта во 58 минута ги освои трите бода на гостувањето кај Кристал Палас, кој остана на 30 бодови кои му ја носта безбедната 13-та позиција. Шефилд сега има 36 бодови и е на петтото место кое води во Европската лига.

Шефилд ја задржа оваа позиција откако во последниот саботен натпревар Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон одиграа без голови и со по еден бод и двата тима имаат по 35 бодови и се на шесттата онодносно седмата позиција.

Во недела се играат дуелите Барнли – Арсенал и Тотенхем – Манчестер Сити.