Ливерпул сигурен против Кардиф

Фудбалерите на Ливепрул привремено го запоседнаа врвот на табелата од англиската Премиер лига, откако во саботаата на својот „Енфилд“ со 4:1 (1:0) го совладаа Кардиф Сити во средбата од 10-то коло.

Ливерпул поведе со голот на Мохамед Салах во 10 минута, а на 2:0 зголеми Садио Мане во 66 минута. Летаргичната игра на „Редсите“ гостите од Велс ја казнија во 77 минута со голот на Патерсон кога и јурнаа по вториот гол. Сепак, во самиот финиш Шаќири и Мане, во 84 и 87 минута ја потврдија победата на домапшните кои сега имаат 26 бодови, три повеќе со меч повеќе од актуелниот првак Манчестер Сити кој во недела гостува кај Тотенхем. Кардиф Сити е со само пет бодови на претпоследното 17-то место.

Фулам истанува зад Кардиф со ист број бодови, откако на својот стадион беше поразен со 0:3 од Борнмут. Вилсон во 14 минута од пенал и во 85 минута, како и Бруск во 72 минута беа стрелци за Борнмут кој со овие три бода дојде до вкупно 20 кои му го гарантираат шестото место зад најдобрите англиски клубови.

Вотфорд со головите на Перејра во 10, Делефеу во 19 и Ајсак во 80 го победи Хадерсфилд. Вотфорд сега е седми на табелата со 19 бодови, каде што и ќе остане затоа што осмиот Евертон има четири бодови и меч помалки. Хадерсфилд Таун, пак, е закован за дното со само три бода.

Брајтон со голот на Мареј во 48 минута ги сопре амбуициознитње играчи на Вулверхемптон. Брајтон ен Хоув Албион сега е 11-ти со 14 бодови, под помалку од моментално деветтиот Вулверхемптон.

Саутемптон и Њукасл Јунајтед одиграа без голови. Стануваше збор за дерби на дното при што домаќините го освоија седмиот бод со кој се на 16-то место, а гостите само третиот и се претпоследни 19-ти.

Во последниот натпревар од саботната програма Лестер Сити и Вест Хем Јунајтед одиграа 1:1. Гостите во водство ги донесе Балбуена во 30 минута, а домашните израмнија во 89 минута преку Ндиди, кога неговиот удар од повече од 20 метри го погоди токму Балбуена во грбот и го измами голманот Фабијански. Лестер е 12-ти со 13 бодови, а Вест Хел е 13-ти со осум бодови.

Во недела се играат натпреварите Барнли – Челзи, Кристал – Палас – Арсенал. Манчестер Јунајтед – Евертон, а колото во понеделник ќе го затвори дербито во Лондон во кое се среќаваат моментално петтиот тим на табелатаТотенхем и Манчестер Сити кој има два бода повеќе и е на второто место.