Лоцирана „црната кутија“ од бродот со хемикали кој тоне крај Шри Ланка

Лоцинарана е ткн „црна кутија“ од бродот полн со хемикалии и пластика кој тоне крај брегот на Шри Ланка, соопштија во неделата тамошните власти, додека истрага се обидува да утврди што го предизвикал пожарот на пловилото.

Снимачот на подотоците за патувањето (VDR), познат и како „поморска црна кутија“, им овозможува на иследниците да ги разгледаат постапките и упатствата пред несреќата.

Властите на Шри Ланка сооопштија дека се надеваат дека VDR ќе ги даде поединостите за движењето на бродот и негвоите комуникации со пристаништето во престолнината Коломбо, каде што требало да пристигне.

„Морнарицата им овозможи на техничарите отстранување на VDR-от од мостот кој сѐ уште е над нивото на морето“, изајвил за AFP портпаролот на морнарицата Индика де Силва.

Товарниот брод „X-Press Pearl“, регистриран во Сингапур, полека тоне во Индискиот Океан од средата, откако гореше речиси две седмици.

Бродот превезувал 25 тони азотна киселина и огромно количество пластични сировини, пловел за Коломбо од Гуџарат во Индија.

Функционерите во Шри Ланка рекоа дека истекување на киселината од 11-ти мај можеби го предизвикало пожарот. Пристаништата во Катар и во Индија одбија да ја истоварат кај нив азотната киселина која истекувала, додаваат.

Властите сега се подготвуваат за можно излевање на нафтата откако кримата е потопена, но засега нема знаци за нејзино истеквуање.

Тоните гранули на микропластика го преплавија 80 километри долгиот дел од плажата која е поради тоа затворена за локалното население. Риболовот во таа област, исто така, е забранет. Еколозите на Шри Ланка во петокот ја тужеа владата и бродарските оператори затоа што не ја спречиле „најлошата поморска катастрофа“ во историјата на земјата.