![pozar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/pozar.jpg?resize=696%2C419&ssl=1)
Пожарот на планината Готен, кај селото Нивичино во Струмичко е локализиран, а екипи на ЈП „Национални шуми“ дежураат на теренот во случај на појава на нови жаришта. Пожарот избувна на 16 овој месец на територијата на Берово, кај местото „Долно Безгаштево“ и се прошири кон општина Василево.
Според градоначалникот на оваа општина, Марјан Јанев, пожарот е локализиран и од Беровско и од Струмичко, а благодарение на дождот што заврна прексиноќа беше ставен под контрола.
Пожарот зафати букова, дабова и габерова шума, како и лисната маса на поголема површина, а заради непристапноста на теренот беше отежнато гаснењето.