![пожар2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/pozar2.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Шумски пожар во кој е зафатена нискостеблеста шума избувна вечерва над селото Иловица, Општина Босилово.
Според информации од Територијалната противпожарна единица Струмица, пожарот е ставен под контрола и е целосно локализиран.
Во гаснењето учествувале едно возило со шест пожарникари и екипи на ЈП „Национални шуми“.
На местото на пожарот останала дежурна екипа, која ќе внимава во текот на ноќта да не дојде до повторно активирање на пожарот.