Лондон стана легална база за избегнување на плаќање на данок на една од најголемите нафтени компании.
Минатата година „Старбакс“ призна дека во Велика Британија не платил данок на заработка од 485 милиони евра за тригодишен период.
После жестоките критики во јавноста, прифатил да плати 25 милиони евра данок. Меѓутоа, овој тренд на Островот не е запрен.
Лондон стана легална база за избегнување на плаќање на данок на една од најголемите нафтени компании.
„Рован Компани“ тешка четири милијарди долари и која вработува повеќе од три и пол илјади работници. Но, скоро ниеден од нив не работи во Британија.
Канцеларијата во Лондон отворена е за да компанијата го избегне плаќањето на висок данок во САД и во тоа успеала. Минатат година наместо 34 платиле данок од 3,3 отсто.
„Американската компанија може, па дури и номинално, да отвори канцеларија во Лондон и потоа профитот да го испрати во даночните раеви. Да го врати повторно во Лондон и да ги исплати акционерите, а не да плати данок каков што би платила во САД, или во земји како што е Германија“ рекол аналитичарот Том Бергин.
„Рован“ и уште шест големи американски компании се преселиле во Лондон минатата година.
Тоа се обиделе да го направат и фармацевтските гиганти „Пфајзер“ и „Омником“ но нивните планови пропаднале.
Причина за преселбатата е законот според кој Велика Брианитанија не го оданочува профитот остварен надвор од нејзините граници, за разлика од САД.
Министерот за финансии Џорџ Озборн одушевен е од таквиот интерес на мулитмилионерските компании, бидејќи како што вели тоа го поттикнува отварањето на нови работни места и растот на буџетските приходи, пишува српската Ал Џезаира.
„Ако топ ви е топ менаџментот во Лондон, тогаш е тоа потег кој вас може да ве увери дека ќе вработи и други лица, дека ќе има високи плати и дека парите ќе се трошат тука. Тогаш и се надевате дека ќе ги увидат предностите на работење во Британија, но ако тие не се тука, тогаш ништо“ вели советникот за даночни прашања Кевин Филипс од сметководствента и консултантска куќа „Бејкет Тили“.
Велика Британија негира дека е даночен рај и инсистира дека корпоративниот данок од 20мотсто е повеќе од праведен. Но, тоа можеби ќе се промени.
„Ако компаниите продолжат да ги намалуваат своите даночни обврски, внатре инадвор од границите заради вакви олеснувања, не отварајќи работни места, владата можеби ќе мора да размисли за промена на ваквата политика“ вели Берлин, пишува српската Ал Џезаира.
Барак Обама ветил дека ќе се обиде да ги врати, дијаспорците. Но, промени на законот во САД не се на повидок, па така компаините како „Пфајзер“ веројатно преку Атлантикот ќе продолжат да бараат прилики за заштеда на милиони долари.