Воените дејствија во Украина можеа да завршат уште минатата пролет, но поранешниот британски премиер Борис Џонск го одвратил Киев од потпишување каков и да е мировен договор со Русија, изјави шефот на пратеничката група во украинскиот парламент (Радата) на владејачката партија „Слуга на нарадот“ и член на парламентарната комисија за национална безбедност, одбрана и разузнавање Давид Арахамија во интервју за телевизискиот канал 1+1.
Претеникот изрази увереност дека војната во Украина можела да завши уште минатата проле, одколу во Киев се согласиле на воена неутралност на земјата.
„Русите беа подготвени да ја прекинат војната доколку земеме неутралност како Финска и се обврземе дека нема да влеземе во НАТО. Тоа беше клучната точка… Покрај тоа, кога се вративме од Истанбул, во Киев допатува Борис Џонсон и рече: ‘Ние воопшто нема да потпишеме ништо со нив и дајде само едноставно да се бориме“, рече Арахамија, кого го цитираат во петокот и русите и некои украински медиуми.
Додава дека Украина, исто така, не се согласила на прекин на огнот, бидејќи „тоа е во спротивност со нејзниот устав, кој го наведува блоковскиот статус“ на земјата.
Арахамија претпоставува дека „Русија веднаш ќе седне на преговарачката маса. Следниот ден штом ќе ги повикаме на неа“. Истана и дека штом Украна би се согласила на водење преговори, испораките на западното оружје, кои веќе и се одложуваат и намалуваат „би биле уште повеќе намалени“.
На крајот на февруари минатата година веднаш по руската инвазија започнаа руско-украинските преговори: делегациите одржаа две средби лице в лице во Белорусија, по што беше одлучено да продолжат секојдневно преку видеоконференциска врска. На крајот на март, делегациите одржаа уште една рунда преговори во Истанбул. Според резултатите од состанокот, помошникот на рускиот претседател Владимир Медински рече дека Украина ги доставила своите писмени предлози за иден договор. Москва тогаш го сметаше ова за напредок, имајќи предвид дека генерално власта Киев покажала желба да преговара првпат по многу години.
Русија одговори тогаш со преземање два чекора во однос на Украина. Прво, беше одлучено значително да се намалат воените операции во насоките Киев и Черниговски. Второ, Москва предложи да се одржи средба меѓу Владимир Путин и Владимир Зеленски истовремено со парафирањето на договорот од страна на министрите за надворешни работи. Сепак, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров подоцна изјави дека Украина ги отфрлила сопствените предлози и создава бројни провокации со цел да го забави преговарачкиот процес. Конкретно, според министерот, Киев го претстави својот нацрт-договор со Москва, кој содржел отстапување од одредбите забележани на состанокот во Истанбул, а кои се однесуваат на Крим. Покрај тоа, Украина ги променила прописите за изведување воени вежби без да ја спомене потребата да се добие руска согласност.
Кон среднат на јуни годинава рускиот претседате Владимир Путин, на средбата со група африкански лидери во Санкт Петербург, покажа нацрт договор со Украина, за кој тврди дека е подготвен во Истанбул во март 2022 година.
„Би сакал да го свртам вашето внимание на фактот дека со помош на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, како што знаете, во Турција се одржаа серија разговори меѓу Русија и Украина со цел да се разработат двете мерки за градење доверба и да се состави текстот на договорот. Со украинската страна не разговаравме за тоа дека овој договор ќе биде таен, но никогаш не го презентиравме ниту коментиравме. Овој нацрт-договор беше парафиран од шефот на преговарачкиот тим на Киев. Тој го стави својот потпис еве го“, истакна Путин покажувајќи наводен документ.
Додаде дека „тоа беше наречено Договор за трајна неутралност и безбедносни гаранции на Украина“. „Украина го отфрли мировниот договор штом Русија го исполни барањето и ги повлече војниците од Киев. Каде се гаранциите дека нема да се откажат од ниту еден друг договор во иднина“, истакна тогаш Путин.
Турција беше домаќин на мировните преговори меѓу Москва и Киев набргу по избувнувањето на непријателствата во февруари 2022 година. Преговорите кулминираа со прелиминарен мировен договор, кој беше парафиран во Истанбул.
Што беше кажано за судбината на истанбилскиот договор?!
На почетокот од април годинава, поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет, кој беше меѓу првите светски челници кои една година претходно веднаш по руската инвазија во Украина ги посети Киев и Москва во настојувањата да се издејствува разгорување на поголем воен конлфикт, изјави дека преговорите меѓу претставниците на Русија и Украина во пролетта 2022 година, биле прекинати по иницијатива на западните земји.
Поранешниот израелски премиер во интервју детално зборуваше за преговорите по почетокот на руската инвазија во Украина ланскиот 24-ти февруари за личните контакти со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот Володомир Зеленски, како и со челниците на водечките западни земји: американскиот претседател Џо Бајден, германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и тогашниот британски премиер Борис Џонсон. Според сеќавањето на Бенет, позициите меѓу западните челници биле поделени во однос на натамошните чекори.
„Сите моите активности беа координирани до најситни детали со САД, како и со Германија и со Франција“, рече Бенет а потоа потврдно одговори на прашањето на новинарот дали и прекинот на преговорите е инициран од Западот. „Во голема мера, да. Тие (Западот) ги прекинаа преговорите, а потоа ми се чинеше дека грешат. И сега ќе кажам дека е рано да се носат заклучоци“, изјави израелскиот политичар.
Преговорите меѓу Москва и Киев започнаа неколку дена по почетокот на руската офанзива во Украина. Директните преговори меѓу Киев и Москва имаа добар развој до 29-ти март 2022 година до средбата во Истанбул, кога беше најавена и можна средба на двата претседатела. Но потоа мировните преговори нагло замреа, а како што забележуваат и некои украински медиуми, тоа се случува веднаш по ненадејната посета на Киев на британскиот премиер Борис Џонсон.
Но шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушогли уште кон средината на ланскиот април во разговор за CNN рече дека мирното решение на војната во Украина го спречуваат „некои земји во НАТО“, кои посакуваат војната што подолго да трае за воено и економски да ја истошти Русија.
„Постојат земји во НАТО кои сакаат војната во Украина да продолжи. Продолжувањето на војната го гледаат како слабеење на Русија. Не им е многу грижа за ситуацијата во Украина“, рече тогаш Чавушоглу чијашто земја има добри односи и со Киев и со Москва и не се придружи на антируските санкции.
Според коментаторот на The New York Times, Дејвид Сангер, противници на мировен договор за Украина се и САД и наведе дека „кога министерот за одбрана Лојд Остин на крајот од тајната посета на Украина изјави дека целта на Америка е да ја види Русија толку ослабена да повеќе нема моќ да напаѓа соседна држава, ја призна трансформацијата на судирот од битка за контрола над Украина до онаа во која Вашингтон подиректно се спротиставува на Москва“.
„Штом украинските и руските преговарачи по средбата во Истанбул се договорија околу изработката на идниот договор, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се појави во Киев без предупредување. Џонсон во Киев донесе две едноставни пораки. Првата е дека Путин е воен злосторник и треба да биде прогонуван, а не да се преговара со него, и втората – ако Украина е подготвена да потпише со него какви и да се гаранциски договори, Британија не е“, објави уште на 5-ти мај минатата 2022 година весникот Українська правда повикувајќи се на „извори блиски на Зеленски“.