Лондон издвојува уште 2,3 милијарди евра за подготовките за брегзит без договор

Обединетото Кралство ги засилува подготовките за истапување од Европската унија без постигнат договор за идните односи и издвојува дополнителни 2,3 милијарди евра за да гарантира дека земјата ќе биде подготвена за брегзитот до крајот на октомври, со или без договор.

Новата влада на премиерот Борис Џонсон, кој ја презема должноста минатата седмица, вети дека ќе Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор за три месеца, доколку Брисел не се согласи повторно да преговара за договорот кој го договори неговата претходничка Тереза Меј.

Британските министри предупредуваат дека од договорот мора да се исклучи спогодбата за разидувањето која се однесува на безбедносниот механизам за избегнувањето на враќањето на ткн „тврда“ граница со Република Ирска, што ЕУ упорно го одбува.

Министерот за финасии, Саџид Џавид, во својата прва најава за поважните мерки ги удвои износост за подготовките за излегување без договор. Со дополнителните средства ќе се финансира информативната кампања, ќе им се помогне на Британците кои живеат во странство, ќе се обезбеди снабдувањето со лекови и ќе се подобри инфраструктурата околу британските пристаништа.

„Деведесет и два дена пред излегувањето на Обединетот Кралство од Европската унија кличо е да ги интензивираме нашите планирања за да гарантираме дека ќе бидеме подготвени. Сакаме добар договор кој ќе го укине недемократскиот ‘бекстоп’. На ако не можеме да добиеме добар договор, ќе мораме да излеземе без него“, изјави Џавид.

Британскиот финансии најави дека 434 милиони фунти ќе потроши за да осигури во земјата доволно лекови и медицински производи, односно наем на дополнителни транспортни капацитети, складишта и создавање резерви. За да ги подготват граѓаните и компаниите за брегизит без договор, ќе бидат потрошени 138 милиони фунти на една од најголемите мирновременски информативни кампањи. Милијарда фунто ќе бидат потрошени на подготовките на државната администрација. Тоа значи дека владата, со годинешните 4,2 милијарди фунти, вкупно за овие подготовки наменила 6,3 милијарди фунти, или 6,9 милијарди евра.

Претходникот на Џавид, Филип Хамонд, кој се противеше на напуштање на ЕУ без договор, поборниците на брегизитот го обвинуваат дека не вложил доволно пари во подготовките за таквото излегување, и со тоа ја поткопат преговарачката позиција на Лондон во однос на Брисел.