Лондон одбил на Москва да ѝ даде отпечатоци од прстите од осомничените за нападот со нервен гас

© Metropolitan Police via AP

Амбасадорот на Велика Британија, Лори Бристоу, во средата на средбата во руското министерство за надворешни работи изјавил дека Лондон нема да достави отпечатоци од прстите за двајцата мажи кои се осомничени за напад со нервен агенс во март годинава врз поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англиски Солсбери, изјави за агенцијата ТААС портопаролкат ан руската дипломатија, Марија Захарова.

„Министерството за надворешни работи на Русија побара од британскиот амбасадор во Москва да бидат доставени отпечатоци од прстите за двајцата мажи коишто во Лондон ги објавија како осомничени за случајот во Солсбери и ги поврзаа со Русија. Британскиот амбасадор изјави дена британската страна тие материјали нема да ги достави“, рекла Захарова.

Портпаролката, исто така, истакнала дека Лондон одбил да сподели и други информации за случајот вклучително и бројот на пасошите на осомничените, нивното националност и личните податоци во формуларот за влезна виза.

„Се надеваме дека барем по линија на Интерпол овие податоци ќе бидат пренесени, додаде Захарова. Таа претходно во Москва за новинарите изјави дека имињата на осомничените самите посебе „ништо не ѝ кажуваат“ на руската страна.

Во изјавата за радиото Ехото на Москва, Захарова изјави дека британската страна одбила да одговори на барањата на руската амбасада во Лондон за информации за осомничените.

„На обидите на напите дипломати да постават прашање за оваа информација, којашто беше објавена, британската страна не дала никакви одговори“, истакнала претставничката на руската дипломатија и додала дека Москва во моментов ги знае само „имињата и презимињата на осомничените, има фотографии, но ништо повеќе од тоа, ниту броевите на пасошите, ниту броевите на визите, ниту дополнителни податоци“.

„Зошто оваа информација денеска не беше изразена ниту јавно, ниту во текот на контакти коишто се одржуваа во нашата амбасада со британската страна, останува голема загатка“, истакнала Захарова повторни истакнувајќи дека имињата на осомничените ништо не кажуваат.

Во средата британската премиерка Тереза Меј го информираше парламентот за наодите од истрагата во врска со инцидентот во Солзбери, изјавувајќи дека врз Скрипал за обид за убиство се осомничени двајца Руси, коишто британските специјални служби ги сметаат за агенти на руското воено разузнавање ГРУ. Според неа, тоа не била неовластена операција, и наводните агенти на руското разузнавање дејствувале по налози одобрени „на високо ниво во руската држава“.

Од своја страна, Скотланд Јард, претходно во средата објави серија фотографии, извадени од снимки од надзорни камери, на наводно двајца Руси, осомничени за труењето на Скрпал. Според истрагата тие влегле во Британија со руски пасоши под имиња Аклександр Петров и Руслан Боширев, два дена пред нападот биле ден потоа во извидување во Солсбери, па се вратиле во Лондон , каде што отседнале во хотел, потоа повторно на 4-ти март заминале за Солсбери и веднаш по извршувањето на нападот одлетале од Лондон за Москва.

Скотланд јард сѐ уште не знае како маж и жена во Ејмсбери биле на почетокот од јули затруени со нервниот агенс за кој британските власти тврдат дека е произведуван во поранешниот Советски сојуз и кој е втор ваков случај во последните четири месеци. Британците на околу 40-годишна возраст во Ејмсбери биле отруени со истата супстанција како и поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Ејмсбери се наоѓа недалеку од Салсбери каде што на 4-ти март беа отруени Скрипал.