
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во петокот дека Еврпејците треба „да покажат дека се разумни“ за да се постигне договор за трговските односи по истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија и да се избегне несреденото раздружување по 1-ви јануари.
Во разговорот за јавниот сервис BBC, премиерот Борис Џонсон оцени дека и натаму е „сосема изгледно дека договорот ќе биде постигнат“ и покрај несогласувањата коишто и натаму постојат,.
„Нашите пријатели и партнери сега треба да покажат дека се разумни“, изјави британскиот премиер.
Британскиот преговарач со ЕУ, Дејвид Фрос порача дека Брисеч мора да се согласи на отстапки за да се постигне компромис, во прв ред кога станува збор за рибарството. Во соопштението објавено по деветтиот круг од преговорите, Фрост предупреди дека двете страни сѐ уште ги разделува јаз, кога станува збор за пристапот во британските територијални води на рибарите од земјите членки на ЕУ.
„Поради изостанувањето на повеќе реалистичнсот и флексибилност на страната на ЕУ, постои ризикот невозможно да биде постигнување на договорот“, предупреди Фрост.
Кога станува збор за второто многу спортно прашање, правилата за чесен натпреварување на пазарите, Фрост рече дека се постигнати „ограничени напредувања“, но дека ЕУ „мора да стори повеќе“.
„Ме загрижува тоа што сега остана многу малку време за да се решат овие проблеми пред Европскиот совет на 15-ти октомври“, рокот за постигнување договор кој го одреди Џонсон, рече британскиот преговарач Фрост. ЕУ, пак, смета дека договорот треба да биде постигнат до крајот на месецот.
Обединетото Кралство по три одложувања излезе од ЕУ на 31-ви јануари, но до 31-ви декември ги применува европските прописи, но без право на глас. Доколку до тогаш не биде постигна договор за идните одности, следниот недоговорени раздружување кое ќе има потешки последици за економијата на двете страни кои и онака се веќе ослабени од последиците од пандемијата на коронавирусот.