Лондонската полицијата се судри со демонстранти во саботата кога повеќе од илјада луѓе се собрале да го одбележат споменот на убиената 33-годишна жена, неколку часа откакот полицаецот кој е овинет за нејзиното убиство се појави на судот.
Исчезнувањето на Сара Еверард додека се враќала дома вечерта на 3-ти март предизвика бран реакција на жените за опасностите на коишто се излоќени додека навечер сами се движат по улиците и загриженост поради немоќта на полицијата и општеството да го решат овој проблем.
Во саботата утрото многу жени започнаа спонтано да се собираат со цвеќе и свеќи во паркот Клапам Комон во југозападниот дел на Лондон, близу местот каде што Еверард последен пат била видена жива.
Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ сопруга на принцот Вилјам, била меѓу жените кои дошле да ја изразат почитта кон жртвата. Претставник на Бакингемскиот дворец рекол дека „Кејт се сеќава како било да се шета сама ноќе во периодот додека сѐ уште била немажена“.
До саботата вечерта се собрале илјада луѓе, главно жени, на местото за да одадат почест и да сведочат поради недоволната безбедност коешто го чувствуваат додека се излезени сами. Некои од нив им довикувале „засрамете се“ на присутните полицајци.
Активистичките групи за човекови права имаа намера да организираа формално бдение, но лондонската полицијата порача дека поради мерките во време на епидемијата на коронавирусот луѓето не би требало масовно да се собираат. Полициската офицерка Кресида Дик порача дека секое бдение би било „незаконско и не би било сигурно“.
Тензиите пораснале кога според медиумите полицијците почнале да одвлекуваат неколку жени од собирот во паркот Клепат Комон. Помошничката на комесарот на лондонската полиција, Хелен Бол, изјавила дека се уапсени четии лица поради нарушување на јавниот ред и кршење на мерките за здравствена заштита.
„Апсолутно не сакаме да бидеме во позиција во која е потребна акцина на силите за воспоставување на редот. Меѓутоа, ставени сме во таа позиција поради неопходноста да ја заштитиме безбедноста на луѓето“, соопшти Бок во писмената изјава за јавноста.
Лондонскиот градоначалник Садик Кан, кој ги води политиките на британската престолнија, изјви дека реакциите на полицијата „понекогаше не се ниту примерени, ниту пропорционални“ и додаде дека од заменичката-началника Кресинда Дик ќе бара објаснување.
Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Киер Стармер, цените ги нарече „длабоко вознеирувачки“, а министерката за внатрешни работи Прити Пател од Конзервативната партија соопшти дека и таа од полицијата бара објаснување за „вознемирувачките“ слики.
Претходно во саботата премиерот Борис Џонсон рече дека и тој и неговата партнерка Кари Симонс сакаат да запалат свеќа во спомен на убиената Сара Еверард.
„Ќе сторам сѐ што можам за да постигнеме улиците да бидат безбедни и жените и девојите да не бидат жртви на вознемирување и злоставување“, рече британскиот премиер.
Појавувајќи се во тренерка на судот во саботата претпладнето, 48-годишниот полицаец Вејн Кузенс само го потврдил својот идентитет. Неговиот адвокат не се изјаснил за вината на Кузенс во поглед на обвинувањата за грабнување и убиство пред второто рочиште кое е закажано во вторник, а неговиот клиент останува во притвор.
Според полициското соопштниер телото на Сара Еверард е пронајдено во средата во шума, 80 километри југоисточно до Лондон. На судот беше кажано и дека телото на жртвата било најдено во голема вреќа за шут, и дека е идентификувано според стоматолошкиот картон.
Кузенс на лондонската градска полиција ѝ се приклучил во 2018 година и до апсењето бил ангажиран во обезбедувањето на странските амбасади. Комисијата која ја следи работата на англиската полицијата покрена истрага за постапките на градката полиција во овој случај.