Лондон воведува пластични банкноти од 2016 година

Англиската Централна банка соопшти дека Британците ќе можат спокојно да си перат парите … во машина за перење. Благодарение на напредна технологија, по 2016 година, сите банкноти на Островот ќе бидат од пластика.

Перењето фунти не само што ќе биде легално, туку и безопасно за нив. Причината е дека новите банкноти ќе бидат изработени од специјален полимер, што има многу предности во однос на традиционалните хартиени банкноти.

„Новите банкноти ќе се многу поиздржливи и дефинитивно почисти. Тие ќе бидат издржливи два и пол пати повеќе од старите, што само по себе ќе се спасат парите на даночните обврзници и истовремено со тоа ќе се намали загадувањето“, објаснил извршниот директор на Централната банка на Велика Британија, Марк Карни.

Новите банкноти ќе го задржат познатиот изглед, соопшти финансиската институција. Банкнотата од пет фунти, на која е прикажан поранешниот премиер Черчил, ќе биде прва пуштена во оптек.

Покрај тоа, експертите тврдат дека пластичните пари се фалсификуваат исклучително тешко.

„Работата ми е да ги следам тенденциите при фалсификувањето на пари и забележувам дека земјите каде се воведени пластичните банкноти, значително ги ограничиле обидите за правење на фалсификувани пари“, објаснил Џон Шеридан од Националната агенција за криминал.

Спроведената анкета потврди дека 87 отсто од Британците се за новите банкноти од полимер. Повеќе од 25 земји веќе користат ваков вид на банкноти, меѓу нив се Австрија, Нов Зеланд, Мексико, Сингапур, Канада и други.