Лоренцо триумфираше на Арагон пред Педроса и Роси

Лоренцо триумфираше на Арагон пред Педроса и Роси

Хорхе Лоренцо беше доминантен во шестата победа во сезоната, но драмата беше зад него каде Дани Педроса на Хонда и Валентино Роси на Јамаха водеа фантастична борба за второто место. Во последниот круг двајцата неколку пати ги менуваа позициите, но на крајот Педроса беше поуспешен.

Четвртата и петата позиција останаа резервирани за двоецот на Дукати, Андреа Ијаноне и Андреа Довициозо, потоа следуваа Еспаргаро, Крачлоу и Смит.

На врвот во генералниот пласман е Роси со 263, односно има 14 бодови повеќе од неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо, кој со денешната победа дојде до 249. Следната трка во Мото ГП шампионатот се вози за Големата награда на Јапонија на патеката “Мотеги”.