Според британските медиуми, Лотус подготвувал бомба, во својот болид да го врати Шумахер за последните две трки во сезоната, гран-пријата во САД и Бразил. Лотус остана без возач, откако Финецот Кими Раиконен објави дека нема да вози на последните дцве трки, па „ББЦ“ дознал оти овој тим се обидел да го врати легендарниот Шуми.
Шумахер (44) веќе еднаш се врати од пензија, но без поголем успех, откако замина во легендите во 2007 година како седумкратен светски шампион. Според најавите Хајки Ковалаинен, ќе ги вози последните две трки за Лотус во оваа сезона.