Англиските медиуми се убедени дека раководните лица на Манчестер Јунајтед веќе ја завршиле потрагата по новиот централен дефанзивец кој ќе биде ангажиран како замена за српскиот интернационалец Немања Видиќ кој пак во новата клупска сезона ќе го носи дресот на италијанскиот калчо гигант Интер.
Централната дефанзивна позиција во редовите на Манчестер Јунајтед во следните пет сезони ќе биде во сопственост на хрватскиот интернационалец од редовите на Саутемптон, Дејан Ловрен.
Англиските медиуми открија дека преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, а од продажбата на 24-годишниот дефанзивец, раководните лица на Саутемптон очекуваат заработувачка од најмалку 20 мил. фунти.