Фудбалерите на Порто на својот стадиот „Драгао“ со 2:1 го совладаа Јувентис, во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите во средата вечерта.
Ова беше првата победа на Порто над Јувентис во нивниот петти натпревар во Лигата на шампионите. Притоа португалскиот претставник ја пропушти шансата да не прими погодок шести меч во низа во елитното континентално натпреварување.
Стрелци за домашните беа Мехди Тареми во 2 и Муса Марега во 46 минута, а надежите за реваншот на „Старата дама“ и ги донесе погодокот на Федерико Киеза во 82 минута.
Само малку повеќе од една минута му беше потребно на Порто да дојде до водечкиот погодок, но големи заслуги за тоа има уругвајскиот играч на Јувентус, Родриго Бетанкур, кој во својот шеснаесетник опкружен со противнички играчи реши да ја врати топката до својот голман. Неговото додавање до Војчех Шчечни беше премлако имајќи предвид дека беше упатетно по средината на голот, такаа што иранскиот напаѓал Мехди Тареми го искористи за притисок врз гостинскиот голман и двајцата лизгачки стартуваа на топката, при што полскиот голман го погоди домашниот напаѓач и топката се одби во мрежата.
До крајот на првиот дел Порто продолжи со високиот пресинг на Тареми и Марега врз провиничката одбрана во обидот да изнуди уште една нејзина грешка. Во таквата игра Јувентус дури во последните минути од првото полувреме успеа да го упати првиот и единствен шут во рамките на противничкиот гол, но и тој беше премлак за да го изненади домашниот голман Маркесињо.
Само што започна вториот дел Порто ја удвои својата предност, кога за сао 25 секунди со неколку прецизни додавање на Манаф успеа да мине меѓу повеќето гостински играчи, и одлично да го проигра на десната страна Манега, кој идеално ја прими топката и во вторниот контакт ја испрати меѓу стативата и Шчечни. Само шест минути подоцна Серхио Оливера можеше да го дотолчи Јуве, кога влета низ средината во шеснаесетникот, и пред гостинската одбрана која се повлекуваше пред него шутираше силно од 14 метри, но Шчечни овојпат беше добро поставен, иако се доби впечаток дека при малку попрецизен па и послаб шут ќе беше совладан. Оливера подоцна имаше уште неколку обиди од далечина, но не предизвикаа поголеми возбудувања.
Како што се ближеше крајот на мечот, нападите на Јувентус стануваа се почести и поконкретни. Во 82 минута Адриен Рабио мина по левата страна и успеа да ја префрли топката на спротивната срана, каде што непречен од никого Киеза со одмерен удар од десетина метри ја испраит топката во долниот десен агол на голот на Порто.