Луѓето кои умеат да се „расфрлаат“ на подиумот се генерално попријатни и поотворени од оние кои се статични, покажува анализата на германскиот истражувачки институт „Макс Планк“, кој следел професионални и аматерски танчери во Германија и Шведска.
Танчерите се, исто така, помалку невротични од другите, вклучително и музичарите кои не се вешти танчари, според студијата објавена во научното списание Personality and Individual Differences.
„И танчерите и пејачите покажуваат високо ниво на екстровертност во нивната личност – што може да биде затоа што нивното тело е средство за изразување кога танцуваат и пеат – и тоа е многу општествено истакната ситуација, повеќе отколку ако се изразувате преку инструмент“, вели водечкиот автор на истражувањето Џулија Ф. Кристенсен.
Истражувањето, исто така, откри докази за разлики во личноста меѓу танчери со различни стилови а, на пример, свинг танчерите се помалку невротични од играчите на латино и стандардните танци.
Но, разликите во личноста во различни стилови на танц допрва треба да се истражат, велат истражувачите.
„Водителите на школите за танц, посебна група на луѓе кои се, исто така, претприемачи и танчери, во принцип сѐ уште поотворени и попријатни и помалку невротични од танчерите и нетанчерите“, заклучува истражувачкиот тим.