Луганск две недели без струја и вода

Веќе две недели украинскиот град Луганс е без струја и вода, а во прекин е и телекомуникациската мрежа.

Според локалните власти, во продавниците се уште има леб и најпотребните животни намирници, но снабдувањето со храна, лекови и течно гориво за градот е прекинато.

Веќе неколку месеци во Луганск не се исплатени плати, пензии и социјална помош.