Луѓе, глувци и вистина

Луѓето не сакаат да ја слушнат вистината. Луѓето само сакаат да бидат во право.

Овој свет не страда заради неуки или неписмени луѓе, прости по дух, со никакво образование, не страда од простодушни луѓе, тие се некадарни, ретко способни да нанесат зло.

Овој свет не страда од учени луѓе, инетелигентни, луѓе кои се „светилници“, великани со нивната супериорност на високо и уште повисоко надградено образование, уметност, дела. Не, светот ни од такви не страда.

Светот страда од приучени луѓе – учени-недучени. Тие оставаат впечаток на образувани, интелектуални, оформени личности, со стручност и квалификации чија самоубеденост во сопствените ставови зависи исклучиво од личниот интерес и ароганцијата на квази-сестрано информираност и знаење. Се препознаваат со вулгарноста, едноставно, безобразно се вулгарни. Во политиката, кај нас, можете таквите мутанти да ги препознаете по нивните изјави, колку повеќе содржат цинизам, вулгарност и ароганција – толку повеќе говориме за такви Шупливи Луѓе, празни луѓе, главите полнети со слама, ах …“ – ТС Елиот.

За жал, кај нив отсуството на срам е толку сведено на алармантен морален минимум, што се’ додека не ги прозвеш по име и презиме – нема да се препознаат, па до утре поединечно да ви ги опишувам без име да спомнам. Они се дел од маса, огромна маса на луѓе кои глумат праведници.

Кај беа досега?

Секогаш нивниот процент доминирал, но гласот им бил зарипнат, затоа што медиумите ретко им давале простор, а и самите не може да имаат доволно гласност заради некогаш високите морални и интелектуални критериуми на општеството. Но откако се образуваа на ЈуТјуб за рамна земја, илуминати, елиени, луѓе-гуштери, кемтрејлови, вакцини, Ареа 51, марсовци, лажни религии, уништувачи на цивилизации, откривачи на гробови на антички лидери, познавачи на армакедониуми, кренаа глава како фламингоси. Они се трубите не нео-демкратскиот нео-нацизам кој тлее и во двете спротиставени страни – левица и десница со иста позиција, борба за сопствена вистина. Во минатото тоа го викавме тоталитаризам. Нема учен човек кој може да излезе на крај со полуписмен и приучен. Не дека претходните тези немаат зрно вистина и дека за нив може и тоа како да се дебатира, но они ништат се’ што е наука и авторитет, доказ и здрав разум и се однесуваат како сточари кои станале партизани и кога освојуваат победа мајка расплакуваат на се’ успешно, учено, традиционално и верно со цел да се прилагоди светот кон нивниот светоглед, како што шарените сороспии го прават денес.

Колку и да му приложиш докази, идотит нема да го разубедиш – Марк Твен

Ова е нивно време, социјалните мрежи се демократија силувана токму од такви, сега гласот на некој транс шарен дегенереик или наци-патриот кој се сити на жртвите на неговиот непријател иако биле и деца изгорени во пожар ги толкува како божја казна, оти претходно они истото го правеле. Па, ако беше верник, срамно е што Исус никогаш не ни дозволил да се молиме за смрт на непријателите – напротив, ама како што ви реков, тоа ниту се демократи од едната, ниту христијани од другата страна, тоа се луѓе со зол табиет… По делата ќе не’ познаете  – Исус Христос … Христијаните по делата на љубовта и проштевањето, другите по осветољубивоста и омразата. Во омразата, први се токму оние кои се хранат со туѓата мака, а и со многу гнев говорат за оние кои се спротиставуваат на христијанскиот морал и етика но и први тврдат дека не мразат никого. Да, ама лажат, лажат дека е така.

Злоупотреби

Таквите злоупотребуваат цели земји и народи за да жигосаат дурги земји и народи, една раса добра – други не, една религија добра, друга-не и другата крајност од другата страна сo: „сите се исти!“. Тоа се најголемите манипулации. Сите сме спектакуларно различни, но колективитетите не може денес после сите науки, религи и филозофии некој третокласен и морално сомнителен интелект кој се фали или со гледаност или читаност или со број банери на својот медиум попаментен од нобеловци, докажани авторитети, од институции со традиција и транспарентност. На такви постулати денес се поставува неопатриотизмот и од спрпотивната страна – либералниот шарен пандемониум. Постои и една сосема поинаква субкултура, која, интересно, не се појави во нашата земја, која беше подложна на сите можни експерименти, туку онаму каде најмногу ги има, токму во земјата од каде потекнаа исте основи за психиоситорија и манипулации на маси.

Тивките Американци

Со победата на Трамп, се огласи една структура која немаше врска ни со демократи, ни христијани – „молчаливото мнозинство“ ги нарекоа. Луѓе на кои им е дегитантно да се расправаат со хистерични лабилни полово неодредени милениумци, ниту со патростско WASP-наци кјуклукклановско идитоско глупирање. Они искористија одлична прилика и избраа нешто што не го сакаа ни едните ни другите. Човек кој е потсмев и кој и денес тоа му го прават. Не навлегувам кој каков е, а најмалки Трамп, но и тоа како е важно пораката на молчаливото мнозинство, мирни луѓе кои не се закануваат, пиштат, протестираат. Не никој од нас неговори во нивно име, ни партија ни организација, никој, иако устите им се полни дека во нивно име го прават. За воља на вистината, тој богат бонвиван, им донесе нови работни места и најниска невработеност последниве 50 години.

Поента

Верувај на стабилен човек, со морал, етика и вредности, делата негови го откриваат. Верувај во здрав разум и надградувај се, не запирај со базичното, но не се потпирај на сопственета самоубеденост и самобендисаност. Доведи во прашање, се’, прво сопствените убедувања. Не се штеди и не си ставај круна на праведништво и сезнаење, постојан процес на еволуција на умот и духот и знаењето – само така и никако поинаку не можеш да имаш јасна перцепција за нештатата, полтички, научно, социолошки или било која друга сфера. Ароганцијата, тврдоглавоста, непопустливоста се дефинитивно акти на регересија и подалеку од такви емотивни крвопии. Запоменете, ќе ги препознаете по цинизмот и вулгарностите – колку повеќе ги има – толку повеќе е сигурно дека немаат јасна слика и дека лажат, па нека е и несвесно.

Нека опцијата за надградба ви биде ставена на автоматски – само така се доаѓа до вистината и добро функционирање… како и кај вашиот мобилен.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес