Луиз: Не чека едно вистинско класико со Германија

Стрелецот на најубавиот погодок во вториот 1/4 финален дуел помеѓу реппрезентациите на Бразил и Колумбија, централниот дефанзивец Давид Луиз, по натпреварот изјави дека избраниците на Хозе Пекерман ќе избориле пласман во полуфиналната рунда доколку не налетале на неговата селекција.

„Беше тоа одличен натпревар. Колумбија одигра одлично на целиот турнир, и веројатно ќе играа во полуфиналето да не налетаа на Бразил. Но, ние имавме зацртана цела и бевме одлично во секој момент и од секој аспект на дуелот. Во полуфиналето не чека едно вистинско класико со Германија. Ќе биде тежок натпревар за нас, но мора да продолжиме во полн ритам, затоа што наша нова цел е финалето“, изјави најновата аквизиција на најбогатиот клуб во француската Прва лига, тимот на ПСЖ кој одвои околу 49 мил. евра за неговите услуги.