Лука Дончиќ ќе го пропушти стартот на плејофот

Најдобриот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ нема да му биде на располагање на тренерот Џејсон Кид на првите два дуели од плејофот против Јута.

Словенецот се повреди за време на последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната против Сан Антонио. Тој има проблем со мускулот на левата нога, а амерканските медиуми велат дека тој нема да биде подготвен за игра уште една недела.

Сигурно нема да биде дел од ростерот на првиот дуел со Јута, што се игра во сабота во Далас со почеток од 19.30 часот по средноевропско време. Најверојатно ќе го пропушти и вториот натпревар на домашен паркет против Џез што се игра на 19 април.