Агентот на белгискиот интернационалец од редовите на Евертон, Ромелу Лукаку, Кристофе Хенротаи, откри дека раководните лица и менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе го имаат последниот збор кога е во прашање иднината на неговиот клиент.
Младиот напаѓач минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер во дресот на ВБА, а годинава истиот статус го има на “Гудисон Парк”.
„И во овој момент, Ромелу е во сопственост на Челзи. Мојот клиент има договор со Челзи до 2016 година и се зависи од челниците и од менаџерот на лондонскиот клуб. Ако не сметаат на неговите услуги, тогаш ние двајцата се седнеме, ќе поразговараме и ќе одлучиме која понуда е најприфатлива. На нас ни е јасно дека Челзи е во потрага по напаѓач од светска класа, но лондонскиот клуб има потреба од неколку напаѓачи. Ако има премногу напаѓачи, тогаш мојот клиент ќе добие дозвола за промена на клупската средина. Ако нема доволно, тогаш Ромелу сигурно ќе остане на “Стемфорд Бриџ”. Премногу е рано да се збори на оваа тема”, изјави Кристофе Хенротаи