Лукаку чека понуди до 13 јули

Репрезентативецот на Белгија, Ромелу Лукаку, уште еднаш потврди дека ќе си замине од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи за време на летниот преоден рок, но додаде дека сите понуди кои пристигнале на неговата адреса ќе бидат разгледани откако ќе заврши Мундијалот во Бразил.

„Едно е сигурно, во новата сезона нема да го носам дресот на Челзи. Можно е многу да профитиран доколку одиграм како што треба на Мундијалот во Бразил. Ако постигнеме добар резултат, ќе профитираат и моите репрезентативни колеги. Моментално сум фокусиран на првиот натпревар од групната фаза, на дуелот против селекцијата на Алжир. Не размислувам за мојата иднина. Сите понуди внимателно ќе бидат разгледани откако ќе заврши Мундијалот во Бразил”, изјави малдиот напаѓач.