Белгиската напаѓачка ѕвезда во Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку го замолил раководството на „црвените ѓаволи“ да не му прават пречки и да го пуштат да си оди во милански Интер, каде од почетокот на преодниот рок е на врвот на трансферни желби.
Интер и Манчестер никако не може да се договорат за трансферот, зашто „нераѕурите“ не сакаат да дадат 85 милиони евра колку што бара Јунајтед, па досега сите понуди со играч вметнат како дел од трансферот беа одбиени. Сега наводно Оле Гунар солшер на „нераѕурите“ им дал рок уште четири дена да тргнат конкретно по Лукаку или ќе стави рампа.
И во селата сага за Белгиецот, сега европските медиуми објавуваат дека Лукаку имал состанок со раководството на клубот и со менаџерот Солшер и ги замолил да му дозволат да си оди и да направи трансфер во Интер. Лукаку ги мина комплетните подготовки, но не играше на ниту еден меч.
Покрај Интер, во трката за Лукаку влезе и Јувентус, кој наводно го понудил Пауло Дибала, но Аргентинецот не сака да си замине од Торино, што ја компликува целата ситуација за „старата дама“. Лукаку откако дојде на „Олд Трафорд“ во 2017 година одигра 96 меча и има скор од 42 гола и 13 асистенции.