Најзаслужниот за одличните резултати на Евертон во актуелната сезона од англиската Премиер лига, белгискиот интернационалец, Ромелу Лукаку, откри дека се уште нема донесено некоја конкретна одлука кога е во прашање неговата иднина.
Младиот напаѓач е во сопственост на лондонскиот премиерлигаш Чезли но контроверзниот менаџер на “сините”, Жозе Мурињо веќе изјави дека репрезентативецот на Белгија сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.
“Се обидувам да не гледам толку напред, да не се замарам со мојата иднина. Имам договор со Челзи до 2016 година и имам шанса да играм за еден од најголемите клубови во целиот свет. Евертон е тим кој расте од натпревар во натпревар и се што сакам е да му помогнам на мојот актуелен клуб. Сега не е вистинскиот момент за да мислам на следниот чекор во мојата кариера. Пред мене се најважните натпревари во актуелната сезона, дуелите протиив Манчестер Јунајтед и против Манчестер Сити. Потоа ќе се фокусирам на Мундијалот во Бразил. Сакам да му помогнам на Евертон, сакам овој клуб да заврши на четвратат позиција на табелата, а потоа ќе мислам на мојата иднина, на следниот чекор”, изјави Лукаку.