Според пишувањето на британските спортски медиуми, договорено е враќањето на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку во милански Интер, каде една година би играл како позајмен играч, бидејќи договорот со Челзи му важи до 30-ти јуни 2026 година.
Според тие информации, Интер на Челзи ќе му плати 8 милиони евра за едногодишниот аранжман. Во лондонскиот премиерлигаш првични барале поголема сума, но истовремено сакале и да се отарасат од платниот список на еден од најплатените играчи во клубот.
Лукаку минатото лето, откако со Интер ја освои титулата во Италија, премина во Челзи во трансферот кој чинеше 113 милиони евра. Но во англискиот тим одигра под очекувањата, постигна само 15 голови, од кои осум во Премиер лигата.
За разлика од англиската Премиер лига, Лукаку во италијанската Серија А играше во одлична форма и во двете сезони од 2019 до 2021 година постигна 64 погодоци.