И јас и раководството на СДСМ ќе продолжиме да работиме на петте точки од Програмата, но ќе се борам и за гласот на жените и во СДСМ и во општеството, истакна заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Анализа 24 на Телевизија 24.
„Ние продолжуваме да работиме на петте постулати кои беа објавени на Конгресот а тоа е да ги мотивираме граѓаните, да се бориме уште поефикасно против криминал и корупција, да го почитуваме туѓото мислење, но пред се за мене најбитно како заменик претседателка на СДСМ е да бидам гласот на жените и во СДСМ и во сите сфери на општеството и ќе направам се што треба, жените да се поддржуваат меѓу себе, а не да си бидат пречка“ истакна Лукаревска.
Во пресрет на локалните избори Лукаревска најави дека ќе се заложи за поголема родова застапеност на жените на изборните листи.
„Моја цел е принципот на 50-50 застапеност да се преслика и на локалните избори. Да имаме што повеќе жени градоначалнички, затоа што сега се малку, само четири и ќе се борам за што повеќе жени носителки на советничките листи“ заклучи заменик претседателката Лукаревска.
На прашањето за состојбите во партијата, Лукаревска оцени дека во СДСМ нема фракции, дека има единство што се покажа и со одлуките од Конгресот, но и дека има различни мислења кои секако се сослушуваат и почитуваат.