Лукаревска: Отворен е повикот за членови и претседатели на комисиите на СДСМ

СДСМ останува предводник на промените, партија која победува, но и во контиунуитет се менува.

Промените во СДСМ продолжуваат и во работните тела на партијата.

Во тек е отворен повик за пријавување на кандидати за претседатели и членови на секретаријати на постојаните работни тела, односно Комисиите на СДСМ.

Ги охрабрувам граѓаните, членовите, сите заинтересирани лица, да се пријават за член или претседател на една од вкупно 19 комисии на СДСМ, поделени по соодветни ресори.

СДСМ е отворена за сите без разлика дали се членови на СДСМ или не. Сите граѓани кои имаат желба а се стручни, докажани и посветни во својата област на делување, лица кои уживаат углед и доверба од јавноста и кои се подготвени да дадат свој придонес во креирање и развојот на политиките на СДСМ.

Овие работни тела на партијата се особено важни за подготовка на изборните програми, за  процесот на креирање мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани и се во интерес на државата.

Повикот трае до 11 јуни а за сите детали, заинтересираните лица можат да се информираат на официјалната веб страна на СДСМ.

Еден од клучните вредности и еден од столбовите на новата политика е отвореноста.

Ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до или се заинтересирани за идеите на социјалдемократијата, а досега не биле активно вклучени во политичкиот живот во нашата земја.

Еве подадена рака за активно учество во креирањето на нашите политики, но и кадровско учество во сите нивоа. СДСМ не е елитен клуб, туку обединител на сите граѓани со прогресивни идеи во Република Македонија.

Заедно да го продолжиме напредокот, борбата со пандемијата, со криминалот и корупцијата, борбата за правда и подобар живот за секој наш граѓанин, за нашиот народ.

Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 вреден околу осум милијарди евра со огромни економски проекти се уште еден крупен чекор кон нашата заедничка цел.

Да се биде дел од СДСМ значи да се биде дел од модерна, прогресивна партија која работи за граѓаните и државата.

Пред нас е ново четиригодишно поглавје, со јасно зацртани цели, пат кој води кон развој, напредок, економски раст и интеграција.