2.8 C
Skopje
среда, декември 25, 2024

Лукашенко бил заразен со Ковид-19, a немал никакви симптоми

Белорускиот претседател Александар Лукашенко (65) објави дека бил позитивен на вирусот Ковид-19, но дека немал симптоми и дека веќе се излекувал од болеста.

„Денес гледате човек кој го победи коронавирусот на нозе. Тоа вчера го заклучија докторите. Без симптоми“, рекол Лукашенко за време на состанокот со претставници од војската, пренесе „Ројтерс“.

Лукашенко е познат по тоа што од почетокот на епидемијата одбиваше да воведе карантин или да ги затвори границите поради спречување на ширењето на вирусот, а и по тоа дека стравот од болеста го нарекуваше психоза и советуваше лекување од вирусот со вотка или користење на сауна.

Неговото однесување кон вирусот предизвика и протести во Белорусија, пред изборите кои ќе бидат одржани на 9 август.

Во Белорусија од почетокот на епидемијата се потврдени 67.366 случаи, а починале 543 лица.