Лукашенко испраќа војска на западната граница на Белорусија, открива што барал од Путин

Белорускиот претседател Александр Лукашенко изјави во саботата дека распоредил противвоздишна бригада на западната граница на земјата, како одговор на воените вежби на НАТО во соседните Полска и Литванија, и порача дека Русија ќе ѝ обезбеди помош во случај на надворешна закана по безнедноста на Белорисија.

Како што пренесуваат дописниците на странските медиуми од Минск, конвој со специјална воена опрема минал низ центарот на белоруската престолнина и се упатил во областа Уричие, каде што е базата на противвоздушната бригада.

Ваквите операции следат откако претходно на свое барање Лукашенко имаше телефонски разговор со рускиот колега по должност Владимир Путин. За белоруските медиуми изјави дека Русија веќе по првото барање од Минск ќе осигура помош за зачувување на безбедноста на Белорусија, доколку се појави надворешна закана за земјата.

Според Лукашенко, кого го цитира државната новинска агенција БелТА, таков договор бил постигнат во текот на саботниот телефонски разговор со Путин.

„Се договоривме: уште на нашето прво барање да биде пружена сеопфатна помош за осигурување на безбедноста на Република Белорусија“, рекол Лукашенко на состанокот во Центарот за стратешко управување во белоруското министерство за одбрана.

„Кога станува збор за воената компонента, ние имаме договор со Руската Федерација во рамките на Сојузната држава (Русија и Белорусија) и Договорот за колективна безбедност“… Тоа се моменти кои се состојат во овој договор. Поради тоа денеска со рускиот претседател имав долг детален разговор за ситуацијата … Морам да кажам, јас бев дури и донекаде изненадени – (Путин) апсолутно е запознает со она што се случува“, рекол белорускиот челник.

Во истиот контекст, Лукашенко го истакнал јакнењето на вооружените сили во соседните Полска и Литванија, на чиишто теротории се одржува воена вежба на НАТО.

„Повеќе сум загрижен за ситуацијата којашто се развива на териториите на соседните земји Полска и Литванија. Како што знаете таму се одвиваат воени вежби на војските на НАТО. Секако, тоа не би претставувало ништо посебно, но станува збор за ексалација и јакнење на воената компонента на тие територии. Се разбира, не можеме тоа мирно да го гледаме. И кога рано утрово го слушав извештајот на началникот на Генералштабот забележав дека нашата војска, исто така, е загрижена од овој проблем“, рекол Лукашенко.

Притоа истакнал дека на оваа тема било разговарано во Минск уште минатата година, и тогаш била разработен одреден алгоритам за одговор на ваквите ситуации.

„Затоа дополнително ќе побарам, во врска со напнатата ситуација на западните граници, да се прекомандува воздушно-десантната бригада од Витебск во Гродно“, рекол Лукашенко.

На овој состанок Лукашенко ветил дека водството на земјата „сутуацијата ќе ја има под контрола“. Додал дека наоѓајќи се во центарот на Европа, Белорусија мора да биде подготвена навремено да одговори на сите предизвици.