Изборите не беа набљудувани од претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) затоа што не беа повикани навреме. Неколку членки на Европската Унија, меѓу кои и Германија, ги критикуваа изборите затоа што двата најголеми ривали на Лукашенко, меѓу кои и сопругот на Тихановскаја, беа притворени пред изборите.
Шеесет и петгодишниот Лукашенко, познат и како „последниот европски диктатор“, речиси сигурно ќе го освои шестиот последователен мандат, но би можел да се соочи со нов бран протести поради огорченоста на јавноста од начинот на кој се решава пандемијата на коронавирус, економската состојба и злоупотребите на човековите права.
Бивш управител на советските колективни фарми, Лукашенко е на власт од 1994 година.
Странските набљудувачи проценуваат дека во Белорусија веќе четврт век немало слободни и фер избори.