Белорускикот претседател Александр Лукашенко ѝ се закани во четвртокот на Европската унија дека доколку ги прошири санкциите против неговата земја ќе го прекине транзитот на гасот во Европа кон минува низ транснационалниот гасоводо „Јамал – Европа“, но во Брисел оценуваат дака не треба да има страв од заканите на Минск.
Европската унија во средата ја обвини Белорусија дека наводно извела „хибриден напад“ на нејзините источни надворешни граници поттикнувајќи неколку илјади мигранти кои бегаат од сиромаштијата и војните на Блискиот исток да преминат во Послка, и се подготвува да воведе нови санкции за Минск, можеби уште следната седмица. Лукашенко го отфрла обвинувањата и вината ја префрла на Брисел и Западот тврдејќи дека ја поттикнуваат мигрантите преку мафијашки структури кои се занимаваат со трговија со луѓе од нејзини земји членки кои на белоруска територија илегално го организираат мигрантите.
Првпат од почетокот на кризата, Лукашенко во четвртокот го спомена можното запирање на транзитот на гасот преку гасоводот „Јамал – Европа“, преку кој од Русија гасот преку Белорусија се транспортира енергенсот во Германија и Полска. Заканата доаѓа во периодот кога Европа бавно закрепнува од недостигот на гас поради испразнетите капацитети за складирање и остриот раст на цените на гасот кои изминатиот период достигнаа историски рекордни цени дури и десет пати повисоки од ланските.
„Ние ја грееме Европа, а тие сѐ уште ни се закануваат со затворање на гранциата. А доколку го запреме гасот? Затоа би им препорачал на полските челници, на Литванците и на другите без мозок да размислат пред да прозборат“, изјавил Лукашенко на седница на неговата влада, кого го цирира службената новинска агенција БелТА.
Белорускиот претседател истакнал дека како остар одговор на новиот пакет санкции од ЕУ, неговата земја може да биде затворена за секој вид транзит.
„Ако го запреме транзитот низ Белорусија? Нема да оди преку Украина, зашто риската граница таму е затворена, нема правци низ балтичките земји. Ако им го запреме на Полјаците и, на пример, на Германицте, што ќе биде тогаш? Не смееме, заштитувајќи го сопствениот суверенитет и независност, да се лишиме од ништо“, рекол Лукашенко коментирајќи ги најавите од Варшава за целосно затворање на полско-белоруската граница.
„Но тоа е нивна работа. Доколку ја затворат (границата), нека го сторат тоа“, рекол Лукашенко наложувајќи му на министерството за надворешни работи „да ги предупреди сите во Европа“ дека доколку воведат „неприфатливи“ и „непримерни“ санкции „за нас, мораме да одговориме“. „Како ќе одговориме, со вас се договоривме пред шест месеци“, додал белорускиот челник.
Малку подоцна, на прес-конференција во Брисел, еврокомесарот за економија Паоло Џентилони изјави дека ЕУ не треба да стравува од заканите на Лукашенко.
„Кога станува збор за гасот… Не плашете се од заканите на Лукашенко“, рече еврокомесарот.
Претходно германскиот министер за надворешни работи на заминување, Хајко Маас, изјави дека ЕУ ќе ги прошири санкциите против Белорусија, како и кон сите поединци и компании кои ќе ги детектира како одговорни за транспортот на нелегалните мигранти преку белоруска територија, и оти станува збор за секторски насочени казнени мерки.
Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ би можеле да го одобрат веќе петтиот круг санкции против Белорусија ан состанокот закажан за понеделник во Брисел, изјави за AFP во четвртокот неименуван дипломатски извор, додавајќи дека новиот пакет санкции би можел да вклучува санкции против нови белоруски функционери и компании.