Луксузен автомобил заврши во канал кај Кочани

Четириесет и седумгодишна жена е тешко повредена откако луксузниот автомобил „ауди Q8“ во кој била сопатничка излетал од коловозот и завршил во канал

На 21.07.2020 во 11.05 часот било пријавено дека на регионален пат село Крупиште – Пробиштип, на крстосница за населба „Ванчо Прќе“, патничко возило „ауди Q8“, со германски национални ознаки, управувано од 49-годишниот З.Т. од Кочани се излизгало во канал покрај патот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила 47-годишната Д.Т. од Кочани, сопатничка во возилото. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Штип.