Луксузните хотели се секогаш се интересна тема. Секогаш сакаме да видиме како изгледаат, што нудат и како ужива оној мал број луѓе на светот што може да си дозволи да престојува во нив. Ако сте еден од тие луѓе тогаш блазе си ви!
Сепк, кога се знае дека некој хотел е во сопственост на некоја позната личност, нештата стануваат уште поинтересни за голем број луѓе и голем број туристи се трудат да си обезбедат такво сместување. Во тој дух ова се луксузните хотели што ги држат познатите личности од Холивуд, актери, музичари и останати.
Иако познатите сакаат да прикажат имиџ на успех, се случува некои хотели на познатите просто да не се добри или квалитетни колку што би се очекувало. Со оглед дека познатите секогаш се во фокусот на јавноста, некогаш сигурно посакуваат сето тоа да пројде, особено кога нивната инвестиција како што е луксузниот хотел Нобу на филипините што е во сопственост на Роберт де Ниро ќе бидат окарактеризирани како најлошиот луксузен хотел на светот. Сепак Роберт не е единствената позната личност на која што не и оди најдобро во угостителскиот потфат.
Има и други познати личности, а мешу нив е и познатиот британски актер Руперт Гринт, кого многумина го познаваат по улогата на Рон Весли во Хари Потер. Неговиот хотел неодамна беше затворен поради слаб промет.
Секако ова се изолирани примери што не ги собраа најдобрите критики или заврпиле со работата но постојат и хотели на познати личности што се мошне популарни, посетени и успешни.
Енди Мареј (Кромликс Хотел)
Хју Џекмен – Гвингана Хелт Ретрит Хотел
Леонардо ди Каприо – Блекадор Кај
Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс – Ериел Сендс
Клинт Иствуд – Мишн Ранч Хотел
Помеѓу познатите личности што имаат сопствени хотели се и Ричард Гир, Донатела Версаче, Френсис Форд Копола, Џон Малкович и многу други.