Луксузниот „мерцедес“ вреден 600.000 евра, кој што е во сопственост на министерството за внатрешни работи (МВР), вчера со одлука на владата се дава на трајно користење без надоместок на Службата за општи и заеднички работи.
На тој начин се создава можност ова возило да биде продадено и со средствата добиени од тоа да се набави болничка опрема, најави вчеравечер владиниот портпарол Миле Бошњаковски на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“. Тој дополни дека детални информации за владината седница ќе бидат објавени денеска на прес-конференција.
Само што заврши 43-тата #седница на @VladaMK со 159 точки на дневниот ред. Ви издвојувам неколку од денешните одлуки, пред официјалното соопштение. #Македонија #Macedonia pic.twitter.com/P959WDJHNf
— Миле Бошњаковски (@portparolVRM) December 19, 2017